Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48%.
Малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,00 денар за литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,977 ден/кг и сега ќе изнесува 33,619 ден за кг.
Од РКЕ информираат дека од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 67,00 денари за литар
Моторен бензин Еуросупер БС -98 69,00 денари за литар
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 59,50 денари за литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,00 денари за литар
Мазут М-1 НС 33,619 денари за килограм.